ОВЕН
Работа:
Одредени промени во областа на организацијата и комуникацијата со најблиските соработници ќе бараат од повеќето Овни да покажат одредена доза на трпение и флексибилност.

Љубов: Денес треба да покажете одредена доза трпение на полето на љубовните врски, а со тоа да се трудите да избегнувате ситни кавги и расправии за ситници.

Здравје: Бидете физички активни.

БИК
Работа:
Овој вторник Биковите би можеле да влезат во вербален конфликт со некој од нивните соработници. Ќе успеете да ја испеглате ситуацијата на крајот.

Љубов: Очекувајте спојот на придружните околности да биде на пристојно ниво на компатибилност со вашите лични желби и надежи.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Постои реална веројатност неколку убави бизнис идеи да бидат задоволително прифатени онаму каде што се потребни и на кого му се потребни.

Љубов: Потрудете се да не ве вовлекуваат нереални амбиции, односно да не и ветувате на другата страна повеќе отколку што реално можете да си дозволите.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Ракови, денес не ве очекуваат поголеми предизвици на деловен план. Сè оди на свој начин, завршувајте една по една обврска и тоа е одлично.

Љубов: Можни се пречки во вашите љубовни врски, бидејќи можете да бидете нетолерантни и крајно нетрпеливи, што е причина за љубовни недоразбирања.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЛАВ
Работа:
Би било мудро да ги спроведувате вашите деловни планови и идеи постепено, чекор по чекор. Не избрзувајте, бидејќи не може сè и веднаш како што сакате.

Љубов: Незадоволни сте, а не ни знаете што ве мачи во љубовните врски. Откако ќе дознаете, ќе ви биде полесно да зборувате за тоа.

Здравје: Можна е главоболка како последица на стрес.

ДЕВИЦА
Работа:
Обидете се да бидете потрпеливи и да имате повеќе разбирање за другите, особено ако се со помалку стаж и години од вас.

Љубов: За некои ваши конкретни постапки ќе биде потребно дополнително објаснување на саканата личност. Обратете внимание на сопственото однесување.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ВАГА
Работа:
Одвојте време да ги проверите сите детали и реално да ги процените вашите можности, за да избегнете да бидете затрупани со обврски и да трпите критики како резултат на тоа.

Љубов: Потребна ви е одредена доза на флексибилност кога се во прашање љубовните врски. Со обвинувањата и сомнежите нема да постигнете многу.

Здравје: Внимавајте на кардиоваскуларниот систем, контролирајте го крвниот притисок.

СКОРПИЈА
Работа:
Не заборавајте на незавршените деловни обврски, пред да започнете со реализација на нови деловни проекти. Бидете трпеливи и обидете се да не трошите премногу работна енергија.

Љубов: Останете искрени и отворени за вашите најдлабоки чувства, но не би било лошо да покажете малку такт.

Здравје: Хранете се здраво.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Има многу добри предиспозиции за Стрелците со изразена доза на самодоверба да преземат иницијатива да иницираат имплементација на нови професионални идеи. Околностите се исто така поволни за одредена обука и подобрување.

Љубов: Не е соодветен период за флертување на повеќе страни, одредете ги приоритетите, за да не се доведете во комплицирана ситуација.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

ЈАРЕЦ
Работа:
Околностите се поволни за да се занимавате со зајакнување на постоечката позиција, а можеби и со презентирање на некои нови идеи од кои првенствено би можеле да имате одредени придобивки.

Љубов: Потребна ви е одредена доза на флексибилност кога се во прашање љубовните врски, денес не сте најдобро.

Здравје: Оптоварување на целиот скелет.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Повеќето водолии во текот на овој работен ден знаат да бидат многу раздразливи и чувствителни на забелешките на деловните соработници кои во основа не се добронамерни. Бидете подготвени, има конкуренција.

Љубов: И во текот на овој ден нема да бидете на иста бранова должина со саканата личност.

Здравје: Посебно внимавајте на зголемен стрес, напнатост.

РИБА
Работа:
И денес фокусот нека ви биде на обврските, со добра организација ќе постигнете се. Бројни претставници може да очекуваат и неочекувани финансиски приливи.

Љубов: Во љубовта нема рози, а со сомнежите се влошувате.

Здравје: Потребна ви е физичка активност за да се ослободите од напнатоста и стресот.

By Author