Во текот на вчерашниот ден (06.09.2023) во периодот од 08.00 до 14.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 376 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се девет возачи за возење без возачка дозвола, а 14 возила биле со неисправен уред за сопирање, 47 санкции поради бесправно управување на возилото…
На вонреден технички преглед биле упатени 104 возила, а кај 27 биле констатирани технички неисправности.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.