На 06.05.2021 во 17.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Д.М.(37) од Белгија затоа што се наоѓал на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На 06.05.2021 околу 15.40 часот во тетовска Долна Лешница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ш.(20) од с.Желино, тетовско, кој со џип „чироки“ без регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. Тој бил задржан во Полициското одделение Групчин, а возилото и дрвата со потврда му биле одземени и ќе бидат предадени на Шумска полиција за натамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2021 во 18.10 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром Скопје“, при пасошка контрола било констатирано дека A.K.(25) од Украина во РСМ престојувала од 04.10.2020 до 06.05.2021 со што го пречекорила дозволениот туристички престој на странец во РСМ од 90 дена во период од 180 дена. Таа била приведена и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 06.05.2021 во периодот од 09 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на пешаци и нивното однесување како учесници во сообраќајот. Притоа, биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-30 и ГВ-12). Покрај ова, при контролата биле откриени и 19 други видови прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-2).

На 06.05.2021 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле регистрирани 13 прекршоци, од кои седум во Велес, четири во Кавадарци и два во Неготино, кои ќе бидат соодветно санкционирани.

На 06.05.2021 во 22.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко моторно возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од с.Долно Караслари, велешко, удрило во пешакот Е.З.(44) од Велес. Во незгодата, Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

На 06.05.2021 во 10.45 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Н.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Душан Тасковиќ“ нејзиниот син бил каснат од куче скитник.

На 06.05.2021 во 09.41 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.А.(58) од Скопје пријавил дека во с.Волково бил каснат од куче скитник. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.З.(45) од с.Сараќино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на платежна картичка и издавање на чек без покритие“.

На 06.02.2021 во Тетово, пријавениот пронашол паричник на лице од Тетово, кое претходно го изгубило, во кој имало пари и платежни картички со пин кодови. После тоа, од банкомати на две банки подигнал пари и пазарувал од еден маркет, по што ги искршил и фрлил картичките. По преземени мерки било откриено дека пријавениот е сторител на делото и во разговор со полициски службеници го признал делото.

На 06.05.2021 во 14.00 часот во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ било пријавено дека на Царинскиот терминал биле откриени илегални мигранти во товарно моторно возило „сканиа”, со гевгелиски регистарски ознаки, натоварено и пломбирано, а управувано од Р.Ш.(29) од Богданци. По преземени мерки во приколката биле откриени пет лица мигранти од Либија и било констатирано дека церадата била пресечена. По извршен разговор со возачот и мигрантите, на возачот со возилото му бил дозволен влез во државата, додека мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија за понатамошна постапка.

Денеска (07.05.2021) во 07.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с.Курија, Т.П.(58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Неготино.

На 06.05.2021 во 14.30 во Полициската станица Центар, З.М.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрие Чуповски“ бил каснат од куче скитник.На 06.05.2021 во 18.56 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 18.00 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.Х.(57) од Скопје, кој во 18.30 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Чаир извршиле разговор со Т.М.(24) од Горно Свиларе, кој заедно со Х.Х. бил донесен во болницата со тешки телесни повреди. Тој изјавил дека околу 17.30 часот, додека извршувале работни задачи во приватна фирма, тој и Х.Х. се здобиле со повреди. За настанот биле известени Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.С.(64) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На 29.01.2020 во ЈЗУ Здравствен дом „Иван Георгиев“ во Пехчево, Б.С. во својство на одговорно лице на едно лице од Пехчево му издал решение за вработвање на неопределено време на работно место возач во Брза помош, иако не ги исполнувал условите пропишани согласно распишаниот јавен оглас.

На 06.05.2021 во 11.25 часот во Полициската станица Гази Баба, А.И.(28) од Демир Хисар и С.П.(33) од Скопје пријавиле дека на ул.„Перо Наков“ биле каснати од куче скитник.

На 06.05.2021 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А.М.(58) и С.М.(57). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.

На 06.05.2021 во 16.30 часот во Полициската станица Центар, Љ.М.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Главинов“ бил каснат од куче скитник.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(55) од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во текот на февруари 2021 година пријавениот со употреба на сила влегол во цркви во тетовските села Теново и Мала Речица и одзел пари и други предмети.

На 06.05.2021 во 14.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Париска“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Х.(28) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

На 26.02.2021 на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, пријавениот се претставувал како полициски инспектор, а по пријава на граѓани тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

На 06.06.2021 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во три товарни возила комбе „рено мастер“ во нас.Илинден, сопственост на приватна фирма. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.

На 06.05.2021 во 23.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(20) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Л.С.(50), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. СВР Штип и СВР Тетово поднесоа кривични пријави против А.М.(21) од с.Слатино, тетовско, кој бил лишен од слобода, Б.Р.(20), Ј.А.(19), Б.Ш.(32), тројцата од с.Д.Палчиште, тетовско, М.М.(26) од Тетово и биле лишени од слобода Д.М.(52), И.М.(33) од Свети Николе, И.М.(27), Р.А.(52), двајцата од Виница, Е.Р.(29), М.Ѓ.(28), А.В.(24), тројцата од Делчево, Б.И.(23) од с.Звегор, делчевско и М.Ј.(39) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 27.03. до 24.04.2021, без дозвола за движење се движеле за време забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 до 05.00 часот.

На 06.05.2021 во 23.10 часот во Полициската станица Гази Баба, И.С.(36) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил штитеникот М.О.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. СВР Велес поднесе кривична пријава против К.Ц.(47) од с.Тимјаник, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 27.03.2021, полициски службеници од Полициската станица во Неготино извршиле контрола и не го пронашле пријавениоит во неговиот дом, и покрај тоа што имал решение за задолжителна изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

By Author