Германска измамничка која ја лажирала својата смрт била откриена на Мајорка. Миленичето на жената и помогнало на полицијата.
47-годишната жена која беше уапсена од шпанската полиција, е осомничена за проневера на околу еден милион евра од германска компанија за соларна енергија во која работела, пишува Би-Би-Си.Кога приватните детективи, ангажирани од оштетената компанија од Росток на северот на Германија, започнале да „душкаат“ на социјалните мрежи, откриле дека дотичната дама има необично милениче – огромна пудлица. И токму тоа куче ги донело кај измамничката.Истражителите ја лоцирале 47-годишнита жена во луксузна вила во Санта Понка откако забележале маж како ја шета пудлицата, раса што не се гледа многу често на островот.Германката беше пуштена
Во оваа бизарна приказна учествувале и нејзините родители, кои тврделе дека нивната ќерка починала во сообраќајна несреќа во март 2020 година. Полицијата откри дека жената всушност продолжила да живее во Мајорка користејќи лажни лични документи.