Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се три мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.