Во Австралија, поранешен воспитувач е обвинет за 1.623 прекршоци за злоупотреба на деца, вклучително и силување, извршени против 91 дете во периодот од 2007 до 2022 година, соопшти денеска федералната полиција.
Полицијата истакна дека мажот е обвинет за 136 силувања и 110 сексуални односи со дете под 10 години.
Сите малтретирани деца биле девојчиња, од кои некои сега имаат над 18 години.
Полицијата соопшти дека 45-годишниот маж е во притвор во државата Квинсленд од август 2022 година кога полицијата го уапси.
Полицијата соопшти дека има повеќе материјали за злоупотреба на женски деца пронајдени во електронски уреди во сопственост на осомничениот маж за време на истрагата, објави Ројтерс.
„Ова е еден од најужасните случаи на злоупотреба на деца што сум ги видел во речиси 40 години полициско работење“, рече помошник-комесарот на полицијата во Нов Јужен Велс, Мајкл Фицџералд на прес-конференција.
Полицијата соопшти дека мажот ги снимал децата со телефони и камери додека работел во 10 центри за згрижување деца во Бризбејн и еден центар во Сиднеј.
Судењето е закажано за 21 август.