ОВЕН
Сте направиле планови и тешко ви е да се откажете од своите намери. Можно е емотивниот партнер или пријателите да не бидат расположени за вашите идеи, но веројатно е дека ќе ги придобиете на ваша страна. Ден кога имате вишок енергија и треба да потрошите време во движење.
БИК
Свесни сте дека мора да се посветите на семејните обврски, а не сте расположени за тоа. Ќе бидете нервозни и неподготвени за секаков вид договор. Она што би ве задоволило во овој момент е целосно да се повлечете и да се изолирате од сите. За жал, тоа е малку веројатно да се случи.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се чувствувате како нова личност. Како да си тргнал голем товар од грбот и сега продолжуваш понатаму. Времето е одлично за дружење и излегување со саканата личност, но и со пријателите. Не заборавајте дека колку повеќе сте активни и во движење, толку повеќе ќе уживате.
РАК
Мора да изберете помеѓу неколку опции за овој ден. Додека од една страна имате обврски кон семејството, од друга страна имате покана која многу би сакале да ја прифатите. Ќе се обидете да ги вклопите овие две работи, но тешко дека ќе успеете. Ќе мора да дадете приоритет на нешто.
ЛАВ
Енергијата на овој ден е многу стимулативна за вас, и ве тера да се движите, но само доколку тргнете во насока која лично вам ви одговара. Не сте подготвени да се прилагодите или да се вклопите со другите, мислите дека вашите идеи се најдобри и ќе мрчите ако другите имаат различни идеи.
ДЕВИЦА
Тешко ќе се вклопите со другите бидејќи ви треба време за себе. Ниту сте себични, ниту не сакате да правите компромиси, туку едноставно – ви е доста од претходната недела и сакате да го одморите мозокот и да се опуштите. Денес се водите од она што најмногу ве радува.
ВАГА
Ако нешто ви пречи во врските, без разлика дали се деловни, емотивни, пријателски или семејни – нема да можете да се воздржите од коментари. Сигурно е дека со овие ставови ќе повредите некои луѓе, но нема да се чувствувате ниту добро.
ШКОРПИЈА
Се обидувате да вклопите сè, но секогаш нешто излегува од шините. Очекувајте да бидете нервозни за другите денес, но очекувајте и да ги направите нервозни. Ден кога е лесно да се претвори мала работа во кавга. Ќе се појават непријатни прашања и во емотивните врски.
СТРЕЛЕЦ
Овој ден е наменет за забава. Ако треба да се посветите на семејните работи или обврски, ќе гледате да исчезнете што е можно побрзо. Сакате ден и време само за себе и за некои луѓе кои не сте ги виделе одамна. Попладне во целата приказна ќе влезе и партнерот.
ЈАРЕЦ
Најдобар начин за одмор и релаксација е во домашна, семејна атмосфера, кога околу вас се луѓе што ги сакате. Денес, искористете го денот за да го споделите вашето време со нив, бидејќи ќе уживате во ова. Дружењето со помлади има стимулирачки ефект врз вас и носи насмевка на вашето лице.
ВОДОЛИЈА
Ден на движење, уживање, ден кога веројатно ќе сакате да стигнете на сто страни и да слушнете луѓе со кои не сте можеле да го направите тоа претходните денови. Најважно е дека ќе се чувствувате добро во сето ова, иако ќе имате најмалку време за себе. Нетрпеливи сте со саканата личност.
РИБА
Некои работи мора да се направат, без разлика што е недела и повеќе би сакале да се одморите и да се опуштите. Но, обврските не можат да чекаат, а вие дадовте ветување и сега треба да го исполните. Емотивниот партнер нема лесно да се согласи со решението да му посветите најмалку време.