Таа тврди дека трикот секој пат успева.
Убедувањето на детето да јаде на појадок, ручек и вечера често може да биде „невозможна мисија“ за многу родители. Децата, особено двегодишните кои одат против се што ќе слушнат од родителите, секогаш наоѓаат начини да избегнат оброк.
Но, една мајка успеала да најде начин да ги заинтересира своите деца да јадат, без молење, повишен глас и детски солзи.
Кејтлин Хилер е мајка на двегодишните близнаци Оскар и Брукс. Како и повеќето мајки, и таа имала проблем да ги натера своите деца да јадат вечерен оброк, пишува „The Sun“.
И тогаш сфатила како може да ги убеди да вечераат и тоа без молење и болните сцени кои се вообичаени во речиси сите семејства.
Нејзиниот метод е многу едноставен – таа ги мами своите синови дека ќе вечераат без нив.
Кејтлин седнува во трпезаријата, става чинија со храна пред неа и почнува да јаде. Кога ќе го видат ова, нејзините синови стануват заинтересирани и – веќе се гладни.
Кога ќе и пријдат и ќе побараат да ја пробаат храната, таа им дава дозвола, но со назнака дека ќе им даде „само еден залак“. На децата им станува интересно, па почнуваат да ја убедуваат да им даде уште една, па уште една …
На крајот, мама „попушта“ и ја става нивната храна на посебни чинии. Малите потоа прифаќаат да вечераат, иако категорично одбиле да јадат само десет минути претходно.
Кејтлин го сподели овој трик на социјалните мрежи и многу родители потврдија дека трикот безусловно „функционира“ секој пат.
– Моето дете одби да вечера, па ја ставив храната во чинијата и пред да се качам горе го замолив детето да не ми го допира оброкот. Што мислите дека направи? Јадеше, се разбира, до последната трошка – напишала една жена.
– Тоа го правам секој пат со моите близнаци и трикот секогаш „функционира“ – коментира друг.