Белоруското Министерство за одбрана денеска соопшти дека борци на паравоената група „Вагнер“ обучуваат белоруски војници во камп во близина на градот Осиповичи.
Во соопштението објавено на Телеграм, се наведува дека борците на паравоената група се инструктори на серија воени вежби.
„Регрутите ги совладуваат вештините за преместување на бојното поле и тактичкото гаѓање, стекнуваат знаења од тактичката медицина“, соопшти белоруското министерство.