„Сите ние сме само чираци во занает на кој никој не станал мајстор“ (Ернест Хемингвеј)
ОВЕН
Работа: Средината на оваа работна недела може да донесе помали падови на деловниот план. Можни се проблеми во комуникацијата со соработниците.
Љубов: Ако некако успеете да анализирате што помалку, тогаш имате реални шанси да го дочекате крајот на денот барем со позитивна љубовна нула.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Солиден работен ден за Биковите успешно да ги средат отворените професионални обврски, и да направат подобар и попрецизен план за деловните чекори што ги очекуваат во наредниот период.
Љубов: Што се однесува до љубовните врски, астролошките аспекти најавуваат многу флуктуации во вашиот емотивен живот. Направете позитивни завртувања и ќе видите дека наскоро ќе ви се придружи и партнерот.
Здравје: Можни болки во грбот, нозете.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Повеќето типични претставници на овој знак денеска ќе имаат добра астролошка клима за воспоставување нови деловни контакти, но не брзајте со реализацијата.
Љубов: Време е да решите важни прашања, време е врската да ја ставите на поинаква, постабилна и позитивна основа.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Неочекувано може да добиете нова деловна понуда. Вреди да се размисли.
Љубов: Одличен ден за опуштање и уживање во вниманието и топлината на емоциите на вашата сакана личност. Се подразбира дека не треба да бидете себични и возвратете барем на сличен начин.
Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.
ЛАВ
Работа: Луѓето родени во знакот Лав денес би можеле да се истакнат професионално доколку се фокусираат на една, најважна деловна обврска.
Љубов: Претставниците на овој знак ќе имаат многу добар ден за флертување и кокетирање на широк фронт, сепак, обратете внимание на многу необична личност која може одеднаш да се појави.
Здравје: Чувствителност на респираторниот систем.
ДЕВИЦА
Работа: Еве еден работен ден за повеќето родени во знакот Девица да фатат здив, а многумина ќе остварат контакт со сосема нови колеги.
Љубов: Среда може да биде добар ден во љубовната сфера, доколку сте се договориле сами со себе и сте собрале храброст да покажете некоја конкретна иницијатива кон саканата личност.
Здравје: Променливо расположение.
ВАГА
Работа: И Вагите може да се соочат со зголемен обем на работа во текот на овој ден, но нема причина за грижа, ќе успеете да завршите се на време.
Љубов: Важно е да не го изгубите трпението доколку се не е под ваша контрола, логично е нешто да зависи од другата страна.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Нема промени во вашиот професионален план во однос на претходниот ден. Ви претстои многу работа, а некои обврски буквално ќе се појават кога најмалку очекувате и нема да бидете во најдобра работна форма.
Љубов: Еве добар ден да посветите малку повеќе внимание и време на саканата личност и да и приредите убаво изненадување.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ги постигнувате речиси сите ваши професионални цели, но по која цена. Можна е ненадејна кратенка.
Љубов: Имате солидна шанса на убав начин да ги измазнете сите недоразбирања. Ќе сфатите дека тоа всушност биле непотребни ситници.
Здравје: Внимавајте на исхраната, не прескокнувајте оброци.
ЈАРЕЦ
Работа: Погрижете се да не пропуштите некои важни детали, па проверете ги сите информации неколку пати.
Љубов: Оние кои се слободни и желни за акција на љубовно поле денеска ќе имаат поволна клима да се покажат и да направат нешто конкретно. Работите ќе се одвиваат со голема брзина, затоа подгответе се брзо да реагирате.
Здравје: Можни се инфекции, воспаленија.
ВОДОЛИЈА
Работа: Голема е веројатноста крајот на работниот ден да го дочекате позитивно расположени, најмногу поради тоа што успешно сте решиле непријатна и комплицирана ситуација.
Љубов: Обидете се да поминете опуштен ден со партнерот на убаво место.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Важно е да бидете пореални кога поставувате деловни цели. Денес во тоа може да ви помогне некој кој е поискусен и подготвен да ви помогне.
Љубов: Обидете се да ја намалите нервозата и не истурајте го потенцијалното незадоволство на другата страна, само ќе внесете дистанца во вашата врска.
Здравје: Можна главоболка.