Базенот, кој се протега од еден во друг станбен блок, со над 35 метри висина, се вели дека е првиот базен кој е во воздух во светот, и наскоро треба да се отвори во Лондон.
Транспарентниот базен е долг 25 метри и се протега на растојание од 14 метри помеѓу два луксузни станбени блока во југозападен Лондон, објави „CNBC“.
Базенот треба да биде отворен на 19 мај, а според извештаите, тој ќе може да го имаат само жителите на зградата и нивните гости.
Инаку двособен стан во овие луксузни згради чини повеќе од еден милион фунти.