Кристофер Стил, поранешен агент на британската контраразузнавачка служба МИ6, состави уште едно досие за ФБИ за поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Во првото досие, кое одекна поради скандалозната содржина, Стил презентираше информации за соработката меѓу сорботниците на Трамп со владата на Владимир Путин, пренесуваат неименувани извори за британски „The Telegraph“.
Токму ова досие ја поттикна истрагата на Специјалниот истражител Роберт Мулер за руското мешање во изборите во САД 2016 година
Во првото досие, Стил даде голем број детали во врска со компромитирачкиот материјал за Трамп, вклучително и снимки од неговите средби со проститутка во хотелот „Москва“ во 2013 година.
Сепак, Трамп тврдеше дека станува збор за лажни вести, политички мотивирани.
Меѓутоа дел од материјалот од второто досие вклучува дополнителни информации за руско мешање во изборите во САД.
Истрагата на Мулер, поттикната од првото досие, доведе до низа тужби кои на крајот имаа судски епилог, што доведе до затворање на Пол Манфорт, соработник на кампањата на Трамп, како и на Џорџ Папапулос, советник за кампања и долгогодишен соработник на Трамп, Роџер Стоун.
Второто досие содржи и нови детали за контактите на Манафорт со Русите. Во врска со таа тема, неодамна во американските медиуми беше објавено дека Константин Килимник, соработник на Пол Манафорт, доставувал информации до руските разузнавачи за анкетите и стратегиите на изборниот штаб на Трамп, се наведува во извештајот.
ФБИ понуди награда од 250.000 долари за „информации што би довеле до апсење на Константин Килимник“. Министерството за финансии на САД го стави неговото име под санкции, означувајќи го како „руски шпион“, бидејќи тој наводно пренесувал чувствителни податоци.
ФБИ извршиле разговор со Стил во Лондон во 2017 година, додека истрагата за руското мешање траела, пишува британски медиум. Притоа, Стил им соопштил на ФБИ дека има четири шпионски канали, и дека главниот „не бил активен“.
Првото досие беше одбиено од ЦИА, опишувајќи го како „озборување“.