Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (17/18 јуни) од 23 до 5 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и санкционирани се вкупно 12 возачи (ТЕ-7 и ГВ-5). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и ќе се соочат со законски предвидените глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, биле санкционирани, исто така, и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2).
СВР Тетово апелира до возачите да не возат доколку консумирале алкохол, затоа што алкохолот ја намалува нивната способност за нормално и безбедно управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот-соопштуваат од МВР.