Рацин е Балканска Лорка икона на градот со која се гордееме. Неговата родна куќа, каде живеел и творел Рацин и неговото родно огниште во Велес се најдоброто место од кај што започнуваат годинашните јубилејни 60-ти Рацинови средби, кои годинава се одржуваат од 9 до 15 јуни, има бројни настани. .
Во склоп на 60-тите „Рацинови средби“ ќе има премеира на серијата „Црвениот поет“ за македонскиот книжевник и комунист Кочо Рацин, во Велес.
Ова е серијата за која Агенцијата за филм повеќе години не ги отстапуваше правата за нејзино емитување иако беше снимана во 2016 година. Инаку серијата има 10 епизоди, режијата е на Никола Поповски, сценарио на Сашко Насев, а во продукција на „Сектор филм“.
Премиерата на серијата е биде на 14 јуни под отворено небо во амфитеатарот во Велес.
Во чест на Рацин ќе има и ултра маратон, но и трка по улиците на Велес.
Меѓу нив е и планинарскиот марш во чест на Рацин. Организатор е Здружението на граѓани Зелена сила.
„Предизвик е да се оддолжиме на Рацин. Затоа и овој планинарски марш, на кој освен учесници од Велс има и од Прилеп, Битола, Кичево, но и сите други заинтересирани. Тргнувањето е од кичевското село Извор околу 10 часот за да стигнеме на местото каде е застрелан Рацин околу 14-15 часот.„ – кажа Даниела Јовановиќ од ЗГ Зелена сила.
Тие од Велес тргнуваат недела наутро околу 4,30 ч. со автобус до Извор од каде пеш продолжуваат до Лопушник.
Сабота пак во 6 часот од пред споменикот на Рацин во дворот на Гимназијата тргнуваат учесниците на ултра маратонот , кои ќе трчаат до 13 јуни до Лопушник. Недела пак од 18 часот се атлетските трки на 10 и 5 км по улиците на Велес. Овие нанстани се под мотото „Трчаме за Рацин„.
Рациновите средби со богата програма ќе траат до 15 јуни, кога на свеченото затворање вечерта ќе бидат врачени Рациновото и Почесното Рациново признание за 2023 година.