На 04.06.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово. Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната-соопштуваат од МВР.