Не дозволувајте животот да ве сруши. Секој што постигнал нешто морал да тргне од таму каде што бил, од почеток!
ОВЕН
Работа: Полни со самодоверба и работен ентузијазам ја започнувате новата недела во која ве очекуваат бројни професионални обврски и докажувања на деловен план.
Љубов: За повеќето типични Овни љубовните врски денес не се приоритет. Одржувањето на постоечките партнерски односи ќе биде сосема доволно.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Бикот ќе влезе во новата работна недела полека, по малку намќор. Комуникацијата и промените во плановите можат да ве направат нервозни.
Љубов: Иако расположението најверојатно нема да биде на највисоко ниво, сепак ова е многу добар ден за уживање во шармот на меѓусебните позитивни вибрации со саканата личност.
Здравје: Можна главоболка.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Повеќето Близнаци го дочекуваат почетокот на работната недела со многу нови деловни идеи. Полека со реализацијата потребно е и разбирање на околината.
Љубов: Денешните случувања во љубовната сфера би можеле да бидат многу шарени. Барем една средба со убава нова личност може да го претвори денот во позитивен.
Здравје: Внимавајте на малите коски и зглобови.
РАК
Работа: Првиот работен ден во неделата не е најповолен за типични претставници на овој знак да навлегуваат во долги приказни и објаснувања за тоа кој е во право, а кој греши.
Љубов: Од друга страна, овој ден носи одлични астролошки аспекти за да пружи многу нежност, но и да добие барем толку за возврат од саканата личност.
Здравје: Нема поголеми предупредувања.
ЛАВ
Работа: Веќе на стартот на новата работна недела се очекува најтипичните претставници на Лавовите да преземат иницијатива и да иницираат промени во реализацијата на деловните проекти.
Љубов: Потенцијалните позитивни искри кои доаѓаат од личност од деловното опкружување секако може да ви користат, но и да предупредат на реални компликации.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: На самиот почеток на работната недела, Девиците може да очекуваат многу нервоза и конфликтни, непроверени информации во врска со новите деловни задачи.
Љубов: Нема навестувања за капитални промени во љубовната сфера, но секако е добар ден да поминете што повеќе време заедно со саканата личност.
Здравје: Пазете се од респираторни инфекции, настинки.
ВАГА
Работа: Одличен работен ден ги очекува типичните претставници на Вагите, пред се доколку навреме се ослободиле од незавршените обврски и документацијата.
Љубов: Овој понеделник не е лош ниту во однос на потенцијалните љубовни настани. Можеби би можеле да бидете малку поконцентрирани.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Има многу обврски, а конечните резултати најмногу ќе зависат од вашата организација. Бидете внимателни со финансиите.
Љубов: Сите припадници на овој знак кои се задоволни од моменталната ситуација во љубовната сфера можат мирно да го дочекаат крајот на денот, бидејќи нема навестување за непријатни изненадувања.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелецот го очекува многу добар работен ден, или да продолжи со претходно започнатите, или да започне нови проекти и бизниси.
Љубов: Нема пречки за барем едно ново интересно познанство во љубовната сфера.
Здравје: Можни проблеми со крвниот притисок.
ЈАРЕЦ
Работа: Напорен работен ден е пред луѓето родени во знакот Јарец. Би било мудро да избегнете вербален конфликт со претпоставениот.
Љубов: Сосема солиден ден за љубовни настани, пред се во однос на одржување на постоечките партнерски односи. Сепак, многу помлада личност може да ви ја скокотка фантазијата.
Здравје: Реално е дека во текот на денот ве следи чувство на психофизички замор.
ВОДОЛИЈА
Работа: Повеќе нови идеи само чекаат да бидат изнесени на светлината на денот. Пред вас е добар период за реализација на некои од тие оригинални идеи.
Љубов: Овој понеделник можете да бидете малку попасивни кога се во прашање љубовните врски.
Здравје: Можна напнатост, нервоза.
РИБА
Работа: На почетокот на новата работна недела повеќето Риби очекуваат многу работа поврзана со формално завршување на претходно започнатите деловни обврски.
Љубов: Астролошките аспекти најавуваат многу поволна клима за вашите љубовни врски, работете пред се на конкретизирање на неодамна стекнатото познанство.
Здравје: Напнатоста, стресот може да ви предизвикаат главоболки.