ОВЕН
Иако се изгледа ветувачко, не е поволен ден за договори и какви било трансфери. Одложете го тоа за некое време бидејќи ако сега започнете нови преговори, може да ве чекаат големи компликации. Во моментов, подалеку од вашиот поглед се информациите кои се клучни за вашиот проект.

БИК
Доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а која се однесува на вашето семејство, станува неостварлива со овој пресврт. Ја измешавте работата и приватниот живот, па дозволивте соработниците да ви ги решат семејните проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Откако ќе пресечете и ќе се надминете себеси и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода и на себе си и на партнерот.

РАК
Вие сте премногу сериозни. Денот е совршен за да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да побегне, никој нема да забележи дека ве нема и ќе се вратите освежени.

ЛАВ
Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денес не ви претстојат големи промени, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за вас.

ДЕВИЦА
Имате многу обврски пред вас. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, но всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од заситеноста, па итно ви треба или промена на работното место или краток одмор.

ВАГА
Врската што ја чувавте во тајност наскоро ќе стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања стануваат голем товар за вас, па сето тоа ќе биде силна причина сериозно да размислите за раскинување.

ШКОРПИЈА
Ако успеете да го започнете денот без каснење или одолговлекување, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата работа е поврзана со странски земји. Не вклучувајте пријатели во вашите напори, решете ги вашите проблеми сами.

СТРЕЛЕЦ
Партнерот очекува конкретен чекор со кој би ја официјализирале и озваничиле врската. Не попуштајте под притисок ако не сте сигурни дека тоа е она што го сакате. Дополнителна тензија предизвикува финансиската состојба која денес значително се усложнува.

ЈАРЕЦ
Ве очекува разговор со претпоставен. Ќе добиете понуда која на прв поглед нема да ви биде привлечна, но доколку обратете внимание и го прифатите ова, долгорочно ќе ви се исплати. Таа работа ќе ја отвори вратата за нови потфати.

ВОДОЛИЈА
Имате потреба да контролирате сè околу вас, а немате механизми да го поддржите тоа. Лошата вест е дека ќе мора да се откажете од дел од вашиот став кој беше прилично бескомпромисен. Фокусирајте го вашето внимание на саканата личност, му треба поддршка.

РИБИ
Комуникацијата со луѓе кои се во странство може да биде од голема корист. Бизнис плановите се развиваат во насоката што ја посакувавте. Сепак, не ги земајте работите здраво за готово, чувајте ги вашите планови далеку од очите на јавноста засега.

By Author