ОВЕН
Работа: Проверете да не сте пропуштиле некоја формална обврска кон институциите, за да избегнете превиди и плаќање пенали.
Љубов: Денеска нема значајни промени на вашиот љубовен хоризонт, доколку тоа ви одговара, уживајте во тоа, а ако сакате да промените нешто, променете го.
Здравје: Можна чувствителност на желудникот, гениталниот регион.
БИК
Работа: Иако е првиот ден од викендот, Биковите може да се соочат со зголемен број на обврски, како недовршени од претходниот период, така и некои нови кои може да настанат во последен момент.
Љубов: Во суштина, нема да ви остане многу време и енергија за да се занимавате со работи поврзани со љубовта. Ќе има поповолни можности.
Здравје: Направете баланс помеѓу работата и одморот.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: На Близнаците им претстои одличен ден доколку планираат да се посветат на некоја физичка активност или хоби и на тој начин да се релаксираат.
Љубов: Внимавајте да не давате премногу ветувања и да давате лажна надеж на личност која неодамна сте ја запознале, а која многу ве привлекува.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: По долго време, еве убава можност за опуштена атмосфера, и за полнење на батериите за нови обврски. Добро би било денес малку да излезете од дома.
Љубов: Одличен ден е да се посветите на убави љубовни врски, и да спроведете барем една идеја на обострано задоволство. Уживајте.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: За Лавовите оваа сабота најмногу ќе биде насочена кон домашните и семејните обврски кои треба да ги извршувате, но организацијата ќе биде малку полоша. Не се нервирајте премногу.
Љубов: Без никакви капитални промени на полето на љубовните врски. Ви недостига мотивација.
Здравје: Нема причина за грижа.
ДЕВИЦА
Работа: Девиците оваа сабота најмногу ќе бидат фокусирани на домашните и семејните обврски. Не треба да се заморувате премногу.
Љубов: Без никакви капитални промени на полето на емотивно-љубовните врски. Ви недостига мотивација.
Здравје: Нема причина за грижа.
ВАГА
Работа: Многу добри околности на вашиот професионален фронт најавуваат започнување на повеќе иницијативи и договори. Само напред.
Љубов: Добриот ден на полето на љубовните врски треба да го искористите пред се доколку сте под впечаток на свежи, нови позитивни емоции предизвикани од новото познанство.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Еве ден за Шкорпиите да ги извршуваат речиси сите планирани обврски како што замислиле, без непријатни изненадувања. Важно е да завршите се што сте започнале или веќе сте започнале без одлагање.
Љубов: Ве очекува опуштено однесување во љубовната сфера, денес вклучете повеќе страст.
Здравје: Грижете се за кардиоваскуларниот систем.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Добро би било овој ден да го искористите за максимална релаксација и одмор, бидејќи од почетокот на работната недела ќе имате зголемен број на обврски.
Љубов: Во љубовната сфера ве очекува просечен ден без акцент на некои спектакуларни настани. Можна е покана од стара симпатија за дружење, излегување.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
ЈАРЕЦ
Работа: Следува прилично динамичен и успешен ден за типичните Јарци, особено оние членови кои имаат слобода на одлучување. Сепак, имајте на ум дека не ви се сите наклонети.
Љубов: Малку одморени од деловните обврски, ќе имате добар ден за некоја убава и специфична акција во љубовната сфера.
Здравје: Одлично.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доколку размислувате да направите некои радикални промени во вашиот професионален живот, добро време е да направите подлабока анализа и подготовка на теренот.
Љубов: На љубовен план би било добро да избегнувате краткотрајни страсни излегувања, тие можат скапо да ве чинат.
Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.
РИБА
Работа: Голема е веројатноста да ви биде побарана помош од драга личност од вашиот круг на пријатели.
Љубов: Во однос на случувањата во љубовната сфера, моментот не е меѓу најповолните за правење некои сериозни планови и што е уште поважно за нивно успешно спроведување. Биди стрплив.
Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот.