Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возач почетник, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.