Ја знаете онаа старата порано се кажуваше како виц, само што кај нас сега е вистина и тоа се почесто. Абе брат дај да го запишеме детево во медицинско, нема проблем одговара другиот. По некое врме се среќаваат и првиот му кажува дека детето не му е запишано на медицина, како не е запишано е одговара вториот сигурен сум го видов, како кога ние не го видовме на списоците.
Абе запишан е кога ти велам му одговара вториот, на тоа човекот што замолил за помош праша а каде го запиша, па на медицински факултет ти ми рече на медицина, да медицина ама средно одговара овој, епа добро де а средна, а факултет нели е исто медицина.
При контрола од Државниот просветен инспекторат во Регионалниот центар за стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово, биле констатирани неправилности во издавањето на свидетелства за завршена прва и втора година на Ј.А.(45) од Тетово.
Издавањето на свидетелството за завршена втора година е пред датумот на издавање на свидетелството за прва година. Исто така, констатирани биле неправилности и во водењето главна книга за запишување на вонредните ученици за 2001/2002 година, односно направени се корекции во годината на полагање на испити без потпис на директорот и печат на училиштето.
Од увидот во главната книга за учебната 2002/2003 година било утврдено дека на Ј.А. не му било издадено свидетелство за завршена трета година, а се запишал четврта година и полагал три испита од истата година пред да ја заврши третата година, велат од МВР.
Полицијата поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(61) од Тетово поради несовесно работење во службата.