Оние кои се искачуваат по скалите на успехот никогаш не се жалат дека остануваат без здив!
ОВЕН
Работа: Првиот ден од викендот би можел да биде малку побурлив за вас, па потрудете се да не преоптоварувате премногу со обврски.
Љубов: Најдете некој слободен момент кој можете да го посветите на себе и на саканата личност.
Здравје: Многу добро.
БИК
Бикови: Биковите треба да ги завршат сите планирани обврски за оваа сабота како што замислиле.
Љубов: Денеска нема пречки на љубовниот пат, па затоа треба да се опуштите и максимално да уживате со саканата личност.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаците оваа сабота би можеле да се соочат со документација и формалности, поврзани со некои незавршени обврски од минатото поврзани со институциите пред се. Обидете се да го завршите сето тоа.
Љубов: Новата љубов може многу да ве заинтригира. Пред вас е поволен ден за да направите барем еден директен потег.
Здравје: Осетливост на коските и зглобовите.
РАК
Работа: На Раковите им претстои солиден ден за секакви ангажмани. Не претерувајте, оставете доволно време за одмор.
Љубов: Уживајте, опуштете се и искрено покажете ги своите чувства на личноста за која се грижите.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Повеќето Лавови денес најверојатно нема да бидат расположени за никакви работни активности, а ќе има и многу обврски. Биди стрплив.
Љубов: Како и да е, денес нема да ви остане уште многу време за љубовни акции, а расположението нема да ви биде на одредено ниво.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Се чини дека овој ден е време Девиците да се одморат и да преземат некои активности кои можеби ги запоставиле во претходниот период. Се препорачува тоа да биде некоја физичка активност.
Љубов: Може да се појави предизвик кога станува збор за ново познанство. Не бидете срамежливи, натамошниот развој на ситуацијата зависи од вас.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Вагите денес првенствено би можеле да се занимаваат со должности поврзани со помагање на некого од пријателите.
Љубов: Размислете, ако ништо друго, барем угодете ја вашата сакана и однесете ја на убаво место.
Здравје: Сосема задоволително.
ШКОРПИЈА
Работа: Можно е да склучите нов деловен договор, а можеби ќе ви требаат и нови соработници.
Љубов: Оваа сабота не е најповолна за анализа на моменталната ситуација и враќање на некои минати времиња.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелците би можеле да ја искористат оваа сабота за многу потребен одмор. Завршете го само она што е апсолутно итно.
Љубов: За оние во емотивни врски треба да има разбирање и хармонија по сите основи и по сите прашања.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Одличен ден за практично и навреме да постигнете се што сте планирале. Сепак, не инсистирајте премногу строго на имплементација на вашите идеи.
Љубов: Добро би било ако целосно не ја исклучите љубовната сфера од вашиот ум, евентуално некое мало, но пријатно изненадување.
Здравје: Одлично.
ВОДОЛИЈА
Работа: Иако оваа сабота би можеле да очекувате многу обврски, не би требало да има причина за нервоза доколку побарате помош од некој од проверените соработници.
Љубов: Оваа сабота не е лоша за најтипичните претставници на овој знак да се потрудат и пријатно да изненадат драга личност, ќе ви биде возвратено.
Здравје: Потребен ви е одмор.
РИБА
Работа: Практично се што сте замислиле и планирате треба успешно да се заврши, можеби малку побавно отколку што очекувате.
Љубов: Може да очекувате многу убав и пријатен ден поминувајќи време со пријателите и саканите.
Здравје: Многу добро.