На 01.05.2021 во 10:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Аеродром, го лишиле од слобода А.Б.(41) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.05.2021 во 16,55 часот во с.Стајковци од полициски службеници од СВР Скопје било сопрено патничко моторно возило “голф 5“ без регистарски таблици и кај совозачот Е.Љ.(18) од Тетово била пронајдена марихуана по што бил лишен од слобода. Приведен бил и возачот Љ.М.(22) од Тетово кој не поседувал никаков документ за идентификација, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување моторно возило. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.05.2021 во 00:05 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар при извршен преглед кај Ф.И.(26) и 16 годишник, двајцата од Скопје биле пронајдени ножеви. Тие биле приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.05.2021 полициски службеници од СВР Тетово спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 134 возачи. Од нив дури 26 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 119 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.
На 02.05.2021 во 01:10 ч. од страна на полициски службеници од ПС Тетово на ул.113 во Тетово приведен е Г.Х.(34) од Тетово, кај кого е пронајден хероин. По документирање на случајот, против Г.Х. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила. Изречени се 45 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас.
На 01.05.2021 во 18:43 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано „Градски преод Делчево“ патничко моторно возило “пежо 306“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(18) од Скопје излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој на пат кон Медицинскиот центар Штип починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.
На 01.05.2021 во 17:45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце во с.Порој се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Д (36) од Тетово и патничко моторно возило “тоуран“ со тетовски регистарски ознаки управувано од М.М.(60) од с.Слатино. Во незгодата возачот М.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.
На 01.05.2021 во 23:15 часот во Полициската станица Драчево Б.К.(55) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.