Ја има симболиката на светлината, сонцето и младоста.
Во последните неколку децении ова женско кратко име е особено популарно, а денешните родители го преземаат тој тренд. Значењето на името е „она што свети“, „донесува сјај“, „сонце“ или „жена полна со младост и енергија“ Секоја Јана е таква.
Името Јана на многумина им е познато од познатата староградска песна „Ајде Јано“ на која луѓето и се радуваат со години, а самото име потсетува на радост. Потеклото на името е од старогрчкиот збор „јулијанус“, а некаде се толкува како „носител на светата благодат“.
Бидејќи името е исклучително кратко, прекарите ретко се изведени од него, но машката верзија е Јан и доаѓа од името Јован, односно симболичното значење од хебрејскиот е „милостив“ или „оној на кого Бог му се смилувал“.
Слично женско име е Јања, а доколку имате Јана која е особено блиска со вас, потсетете ја на значењето на нејзиното име и размислете како таа внесе „светлина“ во вашиот живот.