На 04.05.2023 во 18.10 часот кај Прждевски споменик во близина на Демир Kапија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје. При контрола на возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека табличките кои биле поставени на возилото биле од друго возило.
Претходно, во 17.45 часот, на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, М.К. не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу бил запрен. Возилото било одземено,а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.