ОВЕН

Доколку имате можност да потпишете некои документи, бидете внимателни бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашите промени во расположението можат да го збунат вашиот партнер и да го натераат да помисли дека повеќе не го сакате.

БИК

Ве заинтригира некој нов и во моментов се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте ги расчистиле работите со некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.

БЛИЗНАЦИ

Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Откако еднаш ќе пресечете и ќе се надминете себеси и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин давате слобода, и на себе и на партнерот.

РАК

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели ќе треба да жртвувате нешто, а најверојатно тоа е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

ЛАВ

Можете да сметате на поддршката од вашите пријатели, бидејќи во изминатиот период со вашата посветеност и пожртвуваност тоа сте го заработиле од нив. Чекате потпишување на важен договор кој ќе ја одведе вашата професионална кариера во друга насока.

ДЕВИЦА

Врската што ја чувавте во тајност наскоро ќе стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања стануваат голем товар за вас, па сето тоа ќе биде силна причина сериозно да размислите за раскинување.

ВАГА

Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Дисциплинирано и навремено извршувајте ги сите работни задачи, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.

СКОРПИЈА

На повидок е финансиска придобивка, која ќе ја намали тензијата која ве мачи веќе некое време. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Одложи сè што не мора да завршиш денес.

СТРЕЛЕЦ

Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денес не ви претстојат големи промени, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за вас.

ЈАРЕЦ

Не го добивте очекуваниот одговор за работата која толку многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте вести кои ќе ја подгреат надежта дека не е се готово. Ви претстои сериозен разговор и најдобро е навреме да се подготвите темелно.

ВОДОЛИЈА

Напнати сте од мешањето на член на семејството во вашите одлуки. Објаснувајќи ги вашите одлични идеи, амбициозно започнувате разговор кој завршува катастрофално. Вашите вербални вештини денес не се на завидно ниво, повлечете се.

РИБИ

Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, бидете внимателни бидејќи ве следат предизвикувачки понуди во кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Внимавајте со парите денес, бидејќи ако брзате, коцките ќе паднат токму онаму каде што најмалку очекувате.

By Author