Напаѓачот веднаш бил совладан.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида бил итно евакуиран, неповреден, откако врз него била фрлена направа за која се верува дека е димна бомба на настан во градот Вакајама, каде што требало да се обрати пред публиката, јавија јапонските медиуми, како што јавија од БиБиСи.

Едно лице беше веднаш уапсено: се појавија видеа на кои се гледа како полицајците го држат осомничениот.

Сведок на настанот изјави дека едно лице фрлило некаква направа кон премиерот, дека се слушнала силна експлозија, а потоа се забележал чад.

Засега нема извештаи за повредени лица.

Полицијата соопшти дека е уапсено едно лице, но засега нема дополнителни коментари.

Јапонскиот јавен радиодифузер NHK прикажа снимка на која се гледа како луѓето бегаат од местото на инцидентот. Се гледа и како се занесува човек.

Кишида само што го започнуваше својот говор на пристаништето Вакајама кога предметот беше фрлен кон него.

Една жена од публиката изјави за NHK: „Запрепастена сум. Срцето сè уште ми чука“.

Толпата се распрснала во паника кога се слушнала експлозијата.

Хироши Моријама, член на Либерално-демократската партија на Кишида, рече: „Тоа што вакво нешто се случи среде изборна кампања што е основа на демократијата е за жалење. Ова е неоправдано“.

Насилните напади врз политичарите се многу ретки во Јапонија. Но, сега постои нервоза за безбедносните прашања, особено по атентатот на поранешниот премиер Шинзо Абе минатата година.

Инцидентот се случи за време на официјалната кампања за дополнителните избори за Претставничкиот дом во округот Вакајама бр. 1.

By Author