Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
По повод Светскиот ден на културното наследство БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ во сите музеи и локалитети низ државата.
Дојдете, посетете и истражете на 18ти април.
По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави вчера на својот фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.
– Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша Костадиновска – Стојчевска.