ОВЕН
Работа:
Потрудете се првенствено да се посветите, со што поголем фокус, на сопствената организација на работата, а можеби и да направите неколку корекции за да бидете што е можно поефикасни.

Љубов: Она што со голема веројатност може да се очекува во текот на овој ден е зголемен интензитет на комуникација со саканата личност, со цел зајакнување на постоечките или издигнување на новите партнерски односи на повисоко ниво.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Денеска повеќето Бикови ги очекува релативно мирен ден на полето на професионалните активности. Обратете внимание на комуникацијата со властите.

Љубов: Не дозволувајте некои настани од вашето љубовно минато да влијаат на моменталните случувања на вашиот љубовен хоризонт.

Здравје: Осетливост на коските и зглобовите.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Многу успешен ден за повеќето типични Близнаци, особено во сегментот на идејно-организациски деловни активности, но внимавајте да не се занесете премногу.

Љубов: Претежно позитивна енергија и поволни околности треба да ги придружуваат Близнаците во оваа среда во љубовната сфера, особено ако на ум ви се флерт и лежерна фина комуникација.

Здравје: Можни помали проблеми со ситните коски на рацете и нозете.

РАК
Работа:
Иако на моменти нема да бидете на иста бранова должина, соработката со колегите ќе функционира одлично.

Љубов: Нема конкретна љубовна акција на вашиот љубовен хоризонт оваа среда.

Здравје: Можни мали кардиоваскуларни проблеми.

ЛАВ
Работа:
Можна е нова понуда за работа или можност да направите нешто поразлично, нов деловен проект кој би можел да ја подобри вашата финансиска состојба.

Љубов: Подгответе се за дополнителни напори и подобра концентрација, доколку сакате максимално да го искористите претежно поволното соѕвездие на небесни тела на вашиот љубовен хоризонт.

Здравје: Можна чувствителност на ‘рбетниот дел.

ДЕВИЦА
Работа:
Без разлика на деталните и прецизни договори, немојте да се чудите ако во последен момент се појави нешто ново, непредвидено и целата ситуација запре, па дури и се врати на почетокот.

Љубов: Можна е неочекувана средба со личност од вашето љубовно минато, која нема да ве остави рамнодушни, па доколку сте подготвени за конкретна акција, ништо не ви стои на патот како пречка.

Здравје: Психофизички замор.

ВАГА
Работа:
Работете на континуитет, не дозволувајте да започнете нови обврски без претходно да ја завршите старата.

Љубов: Не е исклучено денеска иницијативата да ја преземе другата личност, а вие да се препуштите на целосно уживање.

Здравје: Нема големи здравствени предупредувања.

ШКОРПИЈА
Работа:
Нема причина да брзате и да се присилувате што побрзо да ја завршите работата пред вас, само ќе си направите лоша услуга бидејќи можете да згрешите.

Љубов: Без некои поголеми пресврти на полето на љубовните врски во текот на оваа среда, би требало да имате се под контрола.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Речиси сите придружни околности денес ќе им одат на рака на типичните Стрелеци, за да можат без проблем да ги завршат планираните обврски.

Љубов: Атмосферата на вашиот љубовен хоризонт ќе биде претежно позитивна, со акцент на елементите на страст и уживање во моменталната ситуација, без многу размислување за следниот период.

Здравје: Пазете се од настинки.

ЈАРЕЦ
Работа:
Можно е да се обнови некоја соработка од минатото која би можела да биде многу важна за вашите идни деловни активности.

Љубов: Ви претстои добар период, занимавајте се со плановите за иднината, зацврстете ја врската и пред се уживајте.

Здравје: Одлично

ВОДОЛИЈА
Работа: Не прифаќајте лесно нови идеи, за кои однапред знаете дека не се лесни за спроведување. Заштедете енергетски ресурси.

Љубов: Многу е добар ден за сите љубовни дејствија, без разлика дали се работи за одржување на постоечките партнерски односи или дали се работи за освојување на нова љубов. Само напред.

Здравје: Пад на енергија.

РИБИ
Работа:
Не би било лоша идејата да ја поделите првичната идеја на неколку делови, а потоа да почнете да ја спроведувате чекор по чекор. Не двоумете се да побарате помош.

Љубов: Посветете се на заедничките пријатели, правете долгорочни планови, уживајте во она што навистина ве исполнува.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

By Author