Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недевање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.