Пплицијата го опиша инцидентот во хотелот Трамп во Чикаго како изолиран, додавајќи дека нема закана за јавната безбедност, објавија градските агенции за спроведување на законот на нивниот профил на Твитер.

– Сега мислиме дека се работи за изолиран инцидент, нема опасност по јавната безбедност – напиша градската полиција.

Претходно медиумите објавија за зголемено полициско присуство недалеку од хотелот на Доналд Трамп во Чикаго.

Изворите велат дека полицијата, вклучително и специјалните сили, пристигнала по извештаите дека жена вооружена со пушка влегла претходно во зградата.

Влезовите и излезите во хотелот се блокирани од полицијата, додека соседната улица е блокирана.

By Author