Ако сте депресивни, тогаш живеете во минатото. Ако сте вознемирени, живеете во иднината. Ако сте во мир, живеете во сегашноста!
ОВЕН
Работа: Не е исклучено да се појават соработници од минатото на кои можете да се потпрете и да сметате на конкретна помош.
Љубов: Ви претстои добар ден за некоја заедничка акција, можеби планирате патување. Искористете го овој поволен период за позитивни настани.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Иако денес буквално ќе бидете распнати со обврски, ќе успеете се да завршите како што треба.
Љубов: Искористете го денот за дружење со пријателите, излегување. Потребни ви се повеќе релаксирачки моменти.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можеби нема да бидете во контакт со лесни луѓе, ќе има различни предизвикувачки ситуации, но не плашете се од предизвици бидејќи сега сте повеќе од способни да се справите со нив.
Љубов: Обидете се да не ја префрлите нервозата од работа во љубовната сфера, само дополнително ќе ја искомплицирате ситуацијата.
Здравје: Напнатост, нервоза.
РАК
Работа: Доколку бевте преоптоварени со документи последните неколку дена, време е да одморите и да бавите малку со интелектуални работи, барајќи нови решенија и нови начини на функционирање.
Љубов: Би било добро да ги нагласите што е можно повеќе заедничките активности во кои сакате да уживате. Можеби ноќно излегување, вечера.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
Работа: Многу добар ден за Лавовите да постигнат барем еден добар деловен договор крајно дипломатски и на ниво.
Љубов: Околностите се поволни за сите оние Лавови кои имаат намера да ги подигнат постоечките партнерски односи на повисоко ниво. Бидете 100% посветени на личноста која ви значи.
Здравје: Многу добро.
ДЕВИЦА
Работа: Она што ве очекува денес е исправање на грешките, решавање на документите, справување со заостанатите работи.
Љубов: Обидете се да поминувате повеќе време во заеднички активности и релаксација.
Здравје: Солидно.
ВАГА
Работа: Ве очекува одличен работен ден, како и добра соработка со луѓето од вашата околина. Само напред.
Љубов: Има разбирање, присутни се и страстите, а можете да очекувате иницијатива на драга личност за некаква промена во вашата врска која позитивно би се одразила на двајцата.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Добар момент е да ја обновите соработката со странство или да започнете во таа насока. Активирајте се што повеќе во таа насока.
Љубов: Одличен ден на полето на љубовта би можеле да очекувате доколку одвоите доволно време и подготвите барем едно пријатно изненадување за вашата сакана личност.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: . Сè што сакате да постигнете или да започнете ќе има нешто побавно темпо од вашите желби и идеи, но по првичните препреки кои успешно ќе ги решите, дефинитивно ќе одите кон исполнување на вашите цели.
Љубов: Комуникацијата со нова љубов се развива добро, бавна, но е инспиративна и интересна. Уживајте.
Здравје: Контролирајте го крвниот притисок.
ЈАРЕЦ
Работа: Колку и да има убави случувања и ситуации кои ќе ви одговараат, сето тоа ќе ви биде премногу бавно, премногу комплицирано. Не се форсирајре, нема потреба.
Љубов: Можно е ново познанство, па ако сте за флерт и неврзан разговор, повелете.
Здравје: Пазете се од настинки, респираторни инфекции.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ви се отвораат некои договори, соработки и можности кои извесно време ги чекате. Вие сте на вистинскиот пат.
Љубов: Вашата сакана личност би можела да покаже знаци на незадоволство поради вашето отсутно однесување. Би било убаво ако можеш детално да објасниш за што станува збор.
Здравје: Чувствителност на грлото.
РИБА
Работа: Денеска ќе треба да решите многу прашања, документи и ситуации од претходниот период, исправете ги грешките доколку ги има.
Љубов: Вие сте пречувствителни, другата страна премногу бара, најдобро би било да оставите се двајцата неколку дена, па повторно разговарајте кога страстите ќе се смират.
Здравје: Можни проблеми со варењето.