Стресот за жал денеска е доста познат термин. Покрај забрзаниот начин на живот на голем број луѓе на планетата, деловните „апетити“, големите градови, сега сме дополнително оптеретени со стрес предизвикан од појавата на пандемијата и глобалната паника. Доколку сте свесни за стресот и имате желба да се ослободите од истиот вие веќе сте на половина пат, а ова се некои од едноставните рутини кои ќе ни помогнат целосно да се ослободите од стресот.
Редовно спиење
Ние го ревитализираме нашето тело со редовно спиење. Нарушениот сон и несоницата дополнително го разгорува стресот и нè прави кревки, раздразливи, го ослабува нашиот имунитет и ги пореметува сите нормални процеси и функционирања на организмот. Затоа треба да го намалите внесувањето на кофеин и алкохол, вештачките стимуланси кои не држат будни и трезни во текот на целиот ден. Да ја направите спалната соба оаза каде нема рокови, стресни електронски пораки, поточно дефинирајте ги границите на приватноста и така дозволете му на мозокот да се релаксира во просторот кој ви е наменет исклучиво само за одмор.
Намален внес на кофеин и алкохол
Додека алкохолот во мали количини релаксира поголеми количини може да има тотално спротивен ефект и исто така може да доведе до депресија. Кофеинот во многу мали количини може да биде корисен, но ако ги надминеме минималните дози, кофеинот може да го доведе телото до дехидрираност и на тој начин му штети на телото отколку што му користи. Затоа, бидете внимателни со кофеинот. За правилно функционирање на нашето тело, најдобро би било да пиете многу вода и овошни сокови, чаеви кои ќе ве зајакнат, а воедно и хидрираат.
Активност најмалку половина час
Активноста, дури и да е половина час прошетка на чист воздух, навистина прави чуда за човечкиот метаболизам, циркулација и спиење. За време на активноста, телото лачи кортизол и адреналин во поголеми количини, а тоа се хормоните што ќе ве ослободат од стрес. Лесната физичка активност треба да стане составен дел од вашата дневна рутина, дури и ако станува збор за прошетка од дома до работа и обратно.
Применувајте ја техниката за релаксација
Научете сами да ги смирите мислите и телото и со тоа да се ослободите од стресот. Обидете се со медитација или уште полесна самохипноза. Повторете си еден збор што ве прави среќни и опуштени, како што се „љубов“, „мир“, најдете го оној збор што има посебно значење за вас. Ако не можете да го направите тоа со еден збор, можете да користите и позитивни афирмации, како што се: „Јас ја чувствувам љубовта“ или слично.