Во Израел протести против реформите во судството има од почетокот на јануари и масовно по разрешувањето на министерот за одбрана Јов Галант.

Група од околу 15 демонстранти утрово се врзаа за портата на Кнесетот во Ерусалим, како дел од протестот против владините политики.

„Наместо да ја решат станбената криза, да се борат со трошоците за живот и да го обноват образовниот систем – членовите на коалицијата вршат режимски пуч, формираат опасни милиции насилници, ги осудуваат законите што ќе ги заштитат жените и намерно не водат сите во граѓанска војна за лични интереси“, велат демонстрантите.

Во Израел протести против реформите во правосудството има од почетокот на јануари и масовно по разрешувањето на министерот за одбрана Јов Галант кој побара да се одложи усвојувањето на спорниот закон. Таа реформа ќе ја отстрани една од последните кочници на извршната власт на судството во Израел.

Бенјамин Нетанјаху најави дека ги одложува судските реформи до лето, а разговорите меѓу претставниците на владејачката коалиција и опозициските партии се во тек.

Според медиумите, израелскиот премиер е толку заинтересиран за реформи во правосудството, бидејќи на тој начин би се отстранила можноста тој да биде кривично гонет за цела низа корупциски афери во кои наводно е вмешан.

By Author