Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 65 возачи.Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп ,по 2во Ресен и Крушево,3 Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови прекршоци.
Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила-соопштуваат од МВР.