Синоќа се одржа 95-тото доделување на Оскарите, а вечерта како и секоја година беше полна со изненадувања. Едно од изненадувањата дефинитивно е глобално популарната пејачка Лејди Гага.
Откако беше кажано дека нема да се појави на наградата поради недостаток на време поради снимање, Гага реши да не пропушти еден од најважните настани во светот.
Ноќта на доделувањето на оскарите дефинитвно беше ноќ на Лејди Гага – без разлика што таа не беше наградена. Како и секогаш, таа беше модната победничка на вечерта, каде на публиката и приреди гламур, сексипилност и изненадување.
Таа ја доби четвртата номинација во кариерата за песната „Hold Mi Hand“ од „Top Gun: Maverick“ и ја воодушеви публиката со својата изведба.
Лејди Гага прво се појави во брутален фустан на Версаче, кој изгледаше многу необично. Горниот дел е проѕирен корсет кој создава совршени контури на фигурата, а долниот дел е здолниште со спуштен струк, кое е луксузно и гламурозно.
А само позади е секси, возбудливиот момент на фустанот Версаче на Лејди Гага – фустанот целосно го открива задникот!
Но, сепак, не изгледа вулгарно, туку заводливо, ја скокотка фантазијата, провоцира и додава навистина „вау“ момент на изгледот на Гага.
Фризура рибина коска и драматична, посилна шминка го придружуваа овој фустан и уште повеќе го истакнаа.
Инаку, Џиџи Хадид ја прошета креацијата на Версаче на пистата само неколку дена претходно, на претставувањето на најновата колекција на оваа модна куќа во Лос Анџелес.
Откако издоминира на црвениот тепих, Лејди Гага направи уште едно изненадување. Таа изведе драматична трансформација кога ја отпеа нејзината песна „Hold My Hand“, менувајќи го фустанот и шминката за маица и фармерки – и „голо“ лице.
„Сите си требаме еден на друг“, рече таа.
„Ни треба многу љубов за да поминеме низ овој живот. Понекогаш ни требаат херои. Хероите се насекаде околу нас“, додаде таа, а нејзината соголена изведба на песната од филмот „Top Gun: Maverick“ беше многу емотивна.