Дури и кога си малцинство од еден човек, вистината и понатаму е вистина.

ОВЕН
Непријатните вести можат целосно да ја заматат вашата концентрација. Вашата целосна посветеност на одредена тема може да ве чини скапо овие денови ако дозволите важни детали поврзани со вашата секојдневна работа да се протнат покрај вас.

БИК
Размислувате за работа наместо да ја споделувате моменталната позитивна енергија со домашните што сте ѓи запоставиле во изминатиот период. Депресивни сте од непријатната атмосфера околу вас, а не сфаќате дека вие сте причина за таквото расположение.

БЛИЗНАЦИ
Благодарение на вашите способности, добивате мал знак на благодарност во форма на симболичен подарок. Импресионирани сте од признанието, без разлика што трудот што го вложувате е значително поголем од подарокот што го добивате. Мудро заблагодарете се, вистинската компензација допрва доаѓа.

РАК
Смислувате нови начини на водење бизнис и наоѓате интересни методи со кои се справувате за време на работата. Нарушувањата во комуникацијата со претпоставените ќе се почувствуваат пред се преку притисокот дека работата мора да се заврши пред истекот на рокот. Бидете внимателни во сообраќајот.

ЛАВ
Планетарните транзити ви носат шанса конечно да ги презентирате идеите кои досега биле погрешно разбрани и да добиете поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Официјално ќе ве запознаат и влијателна личност која ја познавате по видување.

ДЕВИЦА
Полни сте со себе и сте целосно свесни за патот по кој треба да тргне вашиот професионален развој. Не двоумете се, прифатете каква било понуда во овој момент, дури и ако тоа не е примамливо на прв поглед. Останете во играта бидејќи тоа е профитабилен бизнис.

ВАГА
Ненадејниот пад на енергијата ве воведува во нервоза и напнатост. Отворените конфликти на работа можат да ве исфрлат од колосек. Работната средина во која се наоѓате е полна со негативен набој, па најдобро би било да се повлечете и малку да се одморите.

ШКОРПИЈА
Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа што имате моќ да им дозволите нешто, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема треба да го барате на дното на душата што ја препознава вистината.

СТРЕЛЕЦ
Можете да сметате на големата поддршка од пријателите и колегите, бидејќи во изминатиот период тоа сте го заработиле од нив со вашата посветеност и пожртвуваност. Од вас се очекува да потпишете договор кој ќе ја одведе вашата кариера во друга насока.

ЈАРЕЦ
Од странство доаѓаат одлични вести. Конечно, вашите необични идеи го наоѓаат својот пат до вистинските луѓе. Сепак, не очекувајте се да помине без проблеми. Во реализацијата ве очекува непланирана пречка. Ако трпеливо го решите проблемот, имате добра можност.

ВОДОЛИЈА
Премногу сте нетрпеливи, не ги контролирате емоциите. Императив е да покажете поголема благодарност за оние луѓе кои ве поддржувале во минатото. Вашата потреба за слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во кругот на семејството.

РИБИ
Ве очекуваат задачи кои ве принудуваат да излезете од воспоставената рутина. Иако сте во работно расположение, посебните барања се заморни бидејќи од вас се очекува да дадете се од себе и повеќе. Крајот на денот носи олеснување бидејќи сте успешни.

By Author