ВОЈНАТА во Украина влезе во 374-от ден. Сите патишта за снабдување на Вооружените сили на Украина од Бахмут се наоѓаат во зоната на артилериски оган на руската армија и групата Вагнер. Украинските сили гранатираат неколку места во ДНР.
Бахмут е целосно изолиран
Секакво снабдување со муниција и засилување на Украинците веќе не е можно.
Артилеријата на ПВК „Вагнер“ ги гаѓа патиштата за снабдување и повлекување на Украинците од Бахмут.
Сите патишта за снабдување на Вооружените сили на Украина од Бахмут се во зоната на артилериски оган на руската армија и групата Вагнер, пишува РИА Новости.
Руските сили ја отсекуваат украинската армија од патиштата за снабдување од Часив Јар кај Бахмут.
Падот на Бахмут – пресвртница во војната
Победата во крвавата битка за овој град може да биде значаен пресврт во војната.
Како прво, пред војната Бахмут беше еден од најголемите градови во регионот на Доњецк, но во последните месеци во него останаа само неколку илјади жители. Сепак, овој град претставува важна точка за руската армија, која може да го претвори во голем команден центар од каде што може да дистрибуира опрема, оружје и храна на своите војници во други градови и региони. Токму затоа една од најбруталните единици – паравоената формација Вагнер, беше испратена да го окупира Бахмут.
Исто така, заземањето на градот, иако има ограничена оперативна вредност, потенцијално ѝ овозможува на Русија да ги загрози поголемите области како што се Краматорск и Славјанск.
Покрај тоа, Бахмут има голема мотивациска вредност за руските сили. Руските трупи ги окупираа блиските градови Северодонецк и Лисичанск на почетокот на летото, а следен требаше да биде Бахмут. Тој план сега е чекор поблиску до реализација.
Марочко: Руските сили им се приближија на вооружените сили на Украина во секторот Кременск на фронтот
– Во секторот Кременск на фронтот, руските војници се приближија до украинските позиции – изјави за РИА Новости пензионираниот потполковник Андреј Марочко на Народната милиција ЛНР.
– Јужно од селото Креминаја, меѓу нашите позиции и позициите на непријателот, нема таканаречени сиви зони. Во некои области растојанието до непријателот е околу 40 метри – рече тој.
Марочко: Откриена нова утврдена област на вооружените сили на Украина северозападно од Бахмут
– Идентификувана е нова утврдена област северозападно од Артемовск (Бахмут) во селото Минковка, кое е под контрола на Киев – изјави за РИА Новости воениот експерт, пензионираниот ЛНР потполковник Андреј Марочко.
Во петокот, основачот на групата на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека борците на групата практично го опколиле Бахмут.
Украинските војници очајни
На социјалните мрежи се шират и наводни видеа од украински војници во Бахмут кои тврдат дека се опколени и без муниција.
„Овде сум со момците и ова е сета муниција што ни остана. . Сега сме опколени од сите страни… Па чекаме… Не можеме повеќе“, вели пред камерата еден од очајните војници.
Во друга снимка, командант вели дека среде ноќ им било наредено веднаш да го напуштат Бахмут и да се распоредат на нови операции.