ОВЕН
Имате можност да ја интензивирате работата на проекти кои долго време се обидувате да ги завршите. Ова значи дека некое време ќе треба да извршувате две посебни, но подеднакво важни работи. Малку труд, на долг рок, носи успех.

БИК
Не ви е јасно како успеавте да ја пропуштите понудата што неодамна ја пропуштивте. Време е да превземете некој значајни чекори во врска со вашата кариера. Може да се врати личност од вашето минато.

БЛИЗНАЦИ
Барате начин да се оправдате зошто сè уште сте на место каде што многу од вашите соработници одамна заминале. Напорот ќе биде награден, но поради преголемата желба нешто да се истурка до крај, резултатот на крајот станува ирелевантен.

РАК
Денес сте слаткоречиви со сите. Вашето добро расположение е всушност маска за чувството на несигурност кое ве обзело. Потсвесно, сакате да ги мотивирате другите луѓе да возвратат на вашите добронамерни коментари.

Ќе се разочарате.

ЛАВ
Лошите односи во вашата работна средина станаа неподносливи, па не ви преостанува ништо друго освен да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесни сте дека со заминувањето би ја искомплицирале и онака незавидната финансиска ситуација.

ДЕВИЦА
Пробајте да управувате со своето време, добрата организираност ќе ве ослободи од непотребниот стрес и конфликт со другите.
Можни се проблеми во љубовните врски.

ВАГА
Прекумерната имагинација може да ве искушува да верувате во брза парична добивка. Разговор со личност која е во странство и чиј темперамент е многу сличен на вас може да ве турне во ова. Не се занесувајте со илузии, држете се до реалноста.

ШКОРПИЈА
Ситуацијата на работа се менува, но вие останувате на страна. За вас тоа е поттик да ве обземат стравови и да се прашувате дали сте направиле нешто погрешно. Не грижете се, тоа што никој не ве прозива не е лош знак, напротив. Добро ви е што никому не му пречите во моментов.

СТРЕЛЕЦ
Во текот на денот ќе добиете важни вести кои можат значително да влијаат на исходот од вашите деловни планови. Надминете ја вашата суета, прифатете ги советите на соработниците.
Се чувствувате исцрпено, викендот искористете го за релаксација

ЈАРЕЦ
Должностите бараат концентрација и целосен ментален ангажман од вас. Фрустрирани сте од конфликтот помеѓу должноста кон другите и потребата да се задоволувате себеси. Ако најдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчењето, а со тоа и од непријатното чувство дека ве користат.

ВОДОЛИЈА
Принудени сте да поминувате часови околу луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Игнорирањето на нив не е злонамерно, зборуваме за луѓе чии интереси немаат врска со вашите, па не сте интересни да ве оценуваат.

РИБИ
Претераната грижа окошу обврските нема да ѓи реши. Запшете ги проблемите, предностите, недостатоците па систематски решавајте.
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа.

By Author