Овие денови како да беше воена состојба во државава, ЛЕБ во маркетите да најдеш беше права среќа. Од утре полиците во маркетите и пекарите повторно ќе бидат полни со лебот наш ненасушен.

Производителите посегнаа по најнепопуларниот потег прекинување со производството. Колку и да биле револтирани од одлуката на Владата да ја замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, нема оправдување. 

 ПЕКАРИТЕ одлучиле колективно да му се вратат на производството, со најава дека битката ќе ја продолжат во судница.

-Пекарниците се согласија од утре да се почне со производство и испорака на одредени видови леб, во зависност од секој од можностите за да може да им се излезе во пресрет, пред се на потрошувачите, но и да се опстане во периодов на погрешни одлуки, кои нанесуваат штета со несогледливи последици за нас како индустрија – порача Горан Малишиќ претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при СКСМ.

Владата пак е револтирана оти пекарите не го испочитувале договорот да ги намалат цените бидејќи им излегле во пресрет со субенционирана струја во екот на најголемата енергетска криза. Како да ги заштити граѓаните откако пекарите не си го испочитувале договорот, Владата најде начин да ги принуди да ги произведуваат двата типа на леб со замрзната цена од 33 денари. Со одлука наложува дневно да произведуваат и испорачуваат 80 отсто од количината на овие два типа на леб кои ги произведувале во декември минатата година. Мелничко-пекарската индустрија иако утрово ја бојкотираше одлуката, сепак од утре ќе прекине со штрајкот и ќе почне да произведува и да доставува бел и полубел леб по замрзната цена.

By Author