На 23ти април почна вакцинацијата на пратениците кои беа ставени во групата на вработени во критичната инфраструктура заедно со наставниците, новинарите, медицинските лица, полицијата…

Досега над 200 вработени во собранието од кои 88 пратеници ја примиле првата доза од вакцината против ковид-19 Со втората доза од „спутник В“ пратениците ќе треба да се ревакцинираат околу 14 мај, а потоа собранискиот спикер Талат Џафери ќе побара мислење од Комисијата за заразни болести седниците да ги одржуваат во пленарната сала на Собранието.

By Author