Во периодот од 13 до 16 часот утре ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и сообраќајот ќе биде во прекин на потегот од село Ветуница до мостот на реката Блидеш.
Како што соопшти АМСМ, за време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во преќин до расчистување на магистралниот пат.