25 гошникот А.Н од Скопје бил уапсен од страна на полициските службеници од полициската станица Кочани поради основно сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот, на 26.04.2021 околу 15.30 часот во викенд куќа во с.Пантелеј, кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со огнено оружје – пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н. Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор.

By Author