ОВЕН
Добивате вест која е практичќи, водич. Свесни сте дека оваа информација покажува каде одите понатаму, но не ви е јасно која е крајната цел. Прифатете го предизвикот и оставете времето да ви донесе одговори на сите прашања што ве мачат денес.

БИК
Ве обземаат деловни проблеми. Сепак, тоа не е поле каде што можете да очекувате важни случувања. Еден член од семејството треба да биде во центарот на вниманието, бидејќи од него доаѓа голема поддршка која ќе ве трогне. Размислете добро како ќе ја искажете благодарноста.

БЛИЗНАЦИ
Пред да се обидете да ја промените средината, поработете на себе. Недоразбирањата ги решавате така што ќе се трудите да бидете љубезни кон секој што има некакво барање од вас. Заборавате дека удоволувањето на пошироката околина никогаш не е наградно.

РАК
Опкружени сте со луѓе кои упорно ви кажуваат што и како да правите. Иако не сте побарале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не ти е да размислуваш со туѓа глава, дистанцирај се на време.

ЛАВ
Посакувате конкретни работи. Сè околу вас е досадно, а вие не знаете за што да се фатите и да го прогласите за ѕвезда водилка на денешницата. Работата ви е здосадена, а ниту односите дома не се подобри. Не се откажувајте, меланхолијата е минлива, како овој ден.

ДЕВИЦА
Поволен ден за истражување и учење. Сигурно е и дека ќе добиете понуда за зачленување во хуманитарна организација, каде што целосно би се изразиле бидејќи вашата комуникација и убедливост се вредни за таа работа.

ВАГА
Се обидувате да внесете иновации во вашиот бизнис за кои размислувате долго време. Чекате погоден момент да им дадете предлог за на луѓето кои се одговорни за тоа. Не смеете да чекате премногу, преземете иницијатива и најавете го разговорот.

ШКОРПИЈА
Направивте избрзани потези и поради тоа се најдовте во навидум безизлезна ситуација. Блефирањето не успеа, па имате непријатен разговор со претпоставената личност. За да ги ублажите последиците, доброволно преземете ја одговорноста и решете го проблемот.

СТРЕЛЕЦ
Без разлика на сè што сте планирале, бидете подготвени да ги одложите повеќето активности. Сте ги прецениле своите можности, па сакале или не, ќе бидете принудени дел од одговорноста да им препуштите на блиските соработници. Користете го ова за кратка пауза.

ЈАРЕЦ
Финансиските прашања се во преден план, бидејќи изостанаа резултатите на кои сметавте. Ова е вовед во период на стагнација, па затоа е подобро да се подготвите на време. Трпението и упорноста не се вашите силни страни, а денес се толку неопходни.

ВОДОЛИЈА
Негативната енергија што сте ја започнале се трупа околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го игнорирате фактот дека и вие ги оптоварувате со вашето мрчење. Не заборавајте, она што го добивате е пропорционално со она што го давате.

РИБИ
Вие сте премногу навредливи. Тишината го повредува вашиот имиџ, бидејќи малку луѓе разбираат дека криете ранливост зад неа. Денот е таков што е подобро да се свртите кон вашиот љубовен план или семејството. Малку слободно време и дружење со луѓе кои ве сакаат ќе направат чуда за вашата душа.

By Author