На 24.02.2023 во 07.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(50) од Република Србија.
Тој бил затекнат на улица „Србо Томовиќ“, каде со патничко моторно возило „мерцедес“ превезувал пет лица мигранти од Авганистан.
Б.Д бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава-соопштуваат од МВР.