Српската старлета СОРАЈА ВУЧЕЛИЌ се породи. На својот син му дала име што значи „владетел“.
Сораја Вучелиќ се породи и роди син на кој му дадоа име Кан, а породувањето поминало добро.
– Сораја е пресреќна! Таа стана мајка и сега целиот нејзин свет е подреден на новата улога на родител. Таа е маѓепсана од своето бебе. Не го пушта синот. Се заљубила во него од првиот момент кога го видела – вели извор близок на Вучелиќ.
Вучелиќ се породила во болница во Швајцарија, но таа со нејзиното семејство ќе живее во Русија.
– Таа ја водеше бременоста во Цирих со избраниот лекар, но наскоро ќе одлета за Москва, каде што ќе живее. Доаѓа рускиот пасош на бебето и таму ќе биде нивната база. Ги затвори социјалните мрежи и врти нов животен лист – заклучува нашиот извор.
Инаку, значењето на името Кан е „владетел“, а Сораја од јавноста го крие својот партнер со кој доби син.