ОВЕН
Работа:
Ќе имате чувство дека сте заглавени и блокирани за оние прашања кои ви се суштински важни. Добро е што е викенд, затоа не се трудете премногу.

Љубов: Незадоволството во никој случај не се препорачува да се пренесе во љубовната сфера. Замолчете ги страстите.

Здравје: Во текот на денот може да ве придружува тензијата.

БИК
Работа:
Не форсирајте ништо денес. Обидете се да се одморите, бидејќи од почетокот на следната недела ве очекуваат многу деловни предизвици.

Љубов: На љубовен план ве очекува променливо расположение. Обидете се да избегнете посериозни вербални конфликти.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Можно е да ги одложите планираните активности за денеска. Не дозволувајте тоа премногу да ве вознемири бидејќи нема да можете ништо да промените.

Љубов: Внимавајте што зборувате и кому му се доверувате за деталите од љубовниот живот. Извртените информации можат да донесат превирања во партнерските односи.

Здравје: Чувствителност на кардиоваскуларниот систем.

РАК
Работа:
Овој ден носи многу предупредувања за Раковите, особено за промена на плановите и договорите од порано. Немате друг избор освен да ги прифатите работите онакви какви што се.

Љубов: Денес би можеле да очекувате интересна и интригантна средба.

Здравје: Одлично, пишува Астропутник.

ЛАВ
Работа:
Плановите на Лавовите за оваа недела може да бидат нарушени поради некои проблеми поврзани со куќата или семејното опкружување. Можеби ќе треба да му помогнете на некој од членовите на домаќинството.

Љубов: Слабиот фокус и недостатокот на континуитет се доволна причина да бидете само делумно задоволни од љубовниот живот.

Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.

ДЕВИЦА
Работа:
Повеќето Девици ги очекува прилично тежок ден на деловно поле, особено во работниот сегмент кој се однесува на организацијата и комуникацијата, бидејќи можни се технички пречки и доцнења.

Љубов: Не е поволен ден за сериозни теми и дискусии. Обидете се да останете незабележливи бидејќи што и да кажете може да биде погрешно разбрано.

Здравје: Осетливост на зглобовите.

ВАГА
Работа:
Можно е одморот денес да ви го прекине ненадеен повик од колега или пријател на кој му е потребна вашата помош.

Љубов: Пазете се од љубоморни сцени и не ја предизвикувајте непотребно другата страна. Партнерот може сериозно да се налути.

Здравје: Внимавајте што јадете и пиете денес.

ШКОРПИЈА
Работа:
Некои работи можеби нема да одат според планот и со темпото кое би сакале бидејќи можни се технички проблеми. Не се нервирајте премногу бидејќи нема да можете да промените ништо.

Љубов: Обидете се да ја согледате целата ситуација што појасно и да ги откриете причините за сопственото незадоволство кое ви тежи.

Здравје: Намален имунитет, можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Оваа недела сè што ќе започнете ќе ве врати назад и ќе ги забави другите тековни активности.

Љубов: Постојано се преиспитувате и придружени сте со чувство на скриено незадоволство. Некои работи би можеле да излезат на површина денес.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот.

ЈАРЕЦ
Работа:
Може да ви биде тешко да го направите вистинскиот избор бидејќи ќе изгледа дека што и да одлучите нема да оди онака како што сте замислиле. Ако е можно. пролонгирање на одлуката.

Љубов: Денеска ве очекуваат неколку искушенија на полето на љубовните врски, од кои најважното се однесува на изразени знаци на љубомора кон саканата личност.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите денес најдобро можат да ја решат евентуалната комплицирана ситуација во работната сфера со трпеливост и потпирање на помошта од колегата. Не донесувајте избрзани одлуки.

Љубов: Незадоволството кое долго време го чувствувате денес би можело да кулминира и да предизвика помалку искри во партнерските односи.

Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.

РИБИ
Работа: Искористете го овој ден дополнително да прегледате некои договори и внимателно да ја анализирате ситуацијата, за да не сте пропуштиле нешто. Потпрете се на вашата интуиција.

Љубов: Бидете трпеливи, но и подготвени за сериозни разговори кога е во прашање иднината на сегашното партнерство.

Здравје: Можна главоболка, несоница.

By Author