Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.