Поранешниот новинар на ABC News, Џејмс Гордон Мик е обвинет за детска порнографија. Тој беше обвинет откако ФБИ упадна во неговиот дом и му го одзеде лаптопот и другите електронски уреди.
Наградуваниот новинар кој ненадејно поднесе оставка е обвинет за детска порнографија, соопштија федералните власти, пишува Најпост.
Агентите на ФБИ рекоа дека пронашле грозоморни слики и текстови што Мик ги споделувал преку апликации и му заплениле еден од Ајфоните кога го пребарале домот.
Мик наводно го користел корисничкото име „Павни4“ и преку тој профил испраќал садистички пораки до други корисници, напишала во изјавата специјалниот агент на ФБИ Тониа Стургил Грифит во изјава под заклетва.
„Дали некогаш си силувал девојле? Тоа е неверојатно“, напишал Павни4 во една од пораките.
Другите уреди запленети од неговиот дом покажале слични комуникации и десетици слики од детска порнографија, се вели во извештајот.
Вестите за федералната истрага и обвиненијата против Мико предизвикаа бројни медиумски реакции и шпекулации дека тој може да биде мета поради неговата работа како истражувачки новинар.
Неговиот адвокат не сакаше да дава изјави за медиумите.