Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.