Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author